Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПроект во реализација – нов водоснабдителен систем во Тетово

Проект во реализација – нов водоснабдителен систем во Тетово

Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, денеска е во посета на локалитетот во Тетово каде во изградба е новиот водоснабдителен систем во кој се опфатени 8,5 километарски довод од собирна комора – „Лешница” до собирна комора – „Студена Река”. За проектот се обезбедени 115 милиони денари од Владата на Република Македонија.


„Рокот за реализација на проектот е 14 месеци и се очекува негово завршување во декември 2015. Со реализација на овој проект ќе бидат обезбедени дополнителни 200 литри во секунда со што ќе се реши  огромен проблем со кој се соочува населението во Тетово“, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.