Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПроект „Македонија вработува“ – лицата со завршено средно образование со најголем бенефит

Проект „Македонија вработува“ – лицата со завршено средно образование со најголем бенефит

Неодамнешно почнатиот проект „Македонија вработува“ се покажува како ефикасен. Според анализата на податоци вработени се вкупно 3882 лица. Главниот град е лидер во вработувањата со вкупно 717 лица, а по него е полошкиот регион со 600. Следи Кочани со 257 нови вработувања, па Струмица со 254 и Прилеп со вработени 232 лица.

Статистиката покажува дека дури 2254 од вработените се со завршено средно образование. Бенефитот го искористиле и 935 лица со завршено основно и 576 лица со завршен факултет.

Над 2600 фирми ги искористиле поволностите од ваквите вработувања, а 2200 од нив се мали со помалку од 10 вработени. Се очекува за околу една година „Македонија вработува“ да донесе уште нови 20.000 работни места.