Thursday, Mar 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузејПроект „АртЛинк 2016“ во Музеј на Град Скопје

Проект „АртЛинк 2016“ во Музеј на Град Скопје

Денеска во Музејот на град Скопје започна проектот „АртЛинк 2016“, кој треба да овозможи вмрежување на претставниците на креативните уметности во Македонија.

Директорот на Музејот на Град Скопје Љубен Тевдовски изјави: „Ова е голем чекор за нас како институција, за Скопје како главен град на нашата држава и за сите креативци во Македонија. Со заеднички напор ќе се обидеме да направиме форум каде младите креативци, нивните професори и креативците вклучени во поширокиот креатиен процес во Република Македонија ќе прават заеднички проекти, но ќе имаат и средиште околу кое ќе дебатираат и професионално ќе растат“.

На тоа додаде и дека со Архитектонскиот факултет во Скопје следните шест месеци организират презентација на македонската архитектура. Проектот е долгогодишен и ќе се одвива во неколку фази. Оваа година во фокусот е изработка на плакат и ќе биде објавен конкурс кој ќе промовира изработка на плакати за Македонија како културна и туристичка дестинација.