Tuesday, Apr 23, 2024
HomeСТУДЕНТУМПроект „5 до 12“: Бесплатен превоз за студентите од први јануари, најавува премиерот Груевски!

Проект „5 до 12“: Бесплатен превоз за студентите од први јануари, најавува премиерот Груевски!

Премиерот во заминување, Никола Груевски, на вчерашното обраќање пред свечената академија во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, по повод денешниот празник „Свети Климет Охридски“, најави нови два проекти. Станува збор за бесплатен превоз за нови две целни групи.
Имено, едниот од проектите предвидува обезбедување бесплатен превоз за студентите од државните универзитети, а вториот средношколска среда во која средношколците ќе имаат бесплатен железнички превоз, бесплатен билет за жичницата на Водно, како и бесплатни карти за во кино и театар.

-Сите редовни студенти од државните универзитети од идната година секој ден ќе имаат бесплатен јавен превоз за сите линии. Доделени ќе им бидат картички од јавните сообраќајни претпријатија, а Владата, за да се спроведе оваа мерка, ќе исплаќа трансфери на средства, рече Груевски.

Двата проекти ќе стартуваат од први јануари, а бесплатен превоз нема да добијат вонредните студенти, но и студентите кои се запишани на некои од приватните универзитети во земјава. Во одредени студентски кругови оваа одлука се коментира како провиден обид да се биде допадлив на студентите како новокомпонирано гласачно тело, особено по гафот со обидот за воведување екстерно и огромниот број на лоши реформи во образованието кои го разбудија револтот и гневот кај средношколците и студентите, што ескалираше со бојкот и протести.

Инаку според политичкиот договор кој го бараше СДСМ, а со посредство на Европската Унија, со кој четирите најголеми партии во државата усвоија одлуки меѓу кои е и онаа која предвидува премиерот Никола Груевски, да си поднесе оставка најдоцна до 15ти јануари следната година.


Н.С