Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмПродуцентите ги признале недостатоците при снимањето на „Star wars“

Продуцентите ги признале недостатоците при снимањето на „Star wars“

Продуцентите на филмот „Star wars- The force awakens“ признале дека на снимањето, на кое актерот Харисон Форд ја скршил ногата, имало безбедносни недостатоци. Форд за време на снимањето на продолжението на попларната франшиза во јуни 2014 година го удрила хидрауличната врата на вселенскиот брод на капетанот Хан Соло, во студиото „Пајнвуд“, недалеку од Лондон.

Harison-Ford 1

Холивудскиот актер после тоа бил префрлен во болница, каде беше и опериран, а снимањето после овој инцидент беше прекинато на две недели. Продукцијата „Фуделс лимитед“ која е во сопственост на американската компанија „Волт Дизни“ призна дека на снимањето имало безбедносни недостатоци, односно пропусти.

Обвинителот Андру Маршал на судењето изјавил дека вратата можела да убие некого, како и тоа дека копчето за таа веднаш да се затвори било исклучено.