HomeРЕФЛЕКТОРФилмПродуцентите: Ова е нашиот избор за следниот Џејмс Бонд

Продуцентите: Ова е нашиот избор за следниот Џејмс Бонд

Од кога славниот актер Даниел Крејг изјави дека „попрво би си ги исекол вените отколку повторно да го глуми Џејмс Бонд“, љубителите на познатиот серијал за британскиот шпиун не прекинуваат да погодуваат кој би можел да биде наредниот агент 07. Шпекулациите ги вклучуваа Идрис Елба, Том Хидлстон, Мајкл Фасбандер, Џејми Бела и Ејдан Тарнер, а после неколку месеци конечно се слушна и мислењето на самите продуценти.

Како гостин во емисијата „Radio 4’s Today“, извршниот продуцент Калум Мекдугал откри дека Крејг „апсолутно останува прв избор“ со неговите колеги Барбара Броколи и Мајкл Вилсон. „Знам дека се надеваат дека ќе се вратат“, изјави продуцентот, а на прашањето кој навистина ќе биде следниот Бонд тој изјави: „Би сакал да знам“.

Инаку, неодамна беше објавено дека на Крејг му биле понудени 150 милиони долари да се појави во сите наредни продолженија на овој серијал. За улогата во „Spectre“ заработи 65 милиони евра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com