Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПродолжуваат казните од 50 евра за активистите од „Шарената револуција“

Продолжуваат казните од 50 евра за активистите од „Шарената револуција“

Педесет евра е казната која полицијата ја одреди за уште еден демонстрант од граѓанската Шарена револуција. Станува збор за активистот Замир Мехмето, кој фрлал боја кон спомениците кои се дел од проектот „Скопје 2014“.

Тој вели дека нема да ја плати казната, ниту пак дека ќе извршува каква било општо корисна работа. Најавува дека протестите ќе продолжат и понатаму.

Во разговори со останатите демонстранти, Мехмети дознал дека полицијата ќе пишува вакви казни и во наредните денови.

Претходно, со по 50 евра за фрлање боја беа казнети професорот Гордан Калајџиев, професорката Мирјана Најчевска и директорката на Хелсиншки комитет Уранија Пировска.