Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПродолжува судењето на осомничените од „Диво насеље“

Продолжува судењето на осомничените од „Диво насеље“

На денешното рочиште за случајот „Диво Насеље“ се читаа исказите на сведоците дадени пред спојувањето на предметот „Молња“ со овој случај.

Еден од обвинетите се пожали дека бил малтретиран за време на транспортот до судот.

Судијката Верка Петковска му одговори дека ќе му се јави на директорот на затворот, каде обвинетиот издржува притвор.

Рочиштето сè уште трае и се читаат исказите. Ако денеска заврши судот со читањето на исказите, според најавите, следното рочиште треба да биде затворено за јавност, бидејќи ќе продолжи сослушувањето на заштитените сведоци.