Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПродолжуваат сообраќајките над пешаци во Тетово, повредено осумгодишно дете

Продолжуваат сообраќајките над пешаци во Тетово, повредено осумгодишно дете

Во централното подрачје на Тетово, осумгодишно дете се здобило со потешки повреди преминувајќи ја улицата „Јане Сандански“ откако на него налетало патничко возило џип „ландровер“ со скопски регистарски таблички, управувано од тетовката Е. А.

По укажаната помош во тетовската болница, детето веднаш било пренесено во скопските клиники, а полицијата работи да ги открие конкретните причини за несреќата. Ова е една од десетте сообраќајки што се случиле во последниот месец во градот и Секторот за внатрешни работи апелира до поголема претпазливост и почитување на сообраќајниот режим.