HomeДЕНЕШНАСветПродолжуваат протестите во Турција против законот кој ќе го легализира силувањето на малолетнички

Продолжуваат протестите во Турција против законот кој ќе го легализира силувањето на малолетнички

turcija-protesti

Масовни протести се одржуваат во Турција поради новиот контроверзен закон кој го предложи власта на Ердоган, а со кој се предвидува дека сексот со малолетнички под 15 години нема да се смета за силување ако потоа се склучи брак и ако не е извршена присилба, закана, уцена или физичко насилство.

Идејата на законот, наводно е да се легализираат голем број на бракови со малолетнички, но противниците велат дека на овој начин ќе се легализира всушност силувањето на малолетнички ширум земјата.

„Нема да замолчиме. Нема да се покориме. Повлечете го законот веднаш“, извикуваат демонстрантите.

Околу 3.000 луѓе се собраа на плоштадот Кадиќој во Истанбул со плакати на кои пишуваше: „Силувањето не може да се легитимира“ и „АКП, тргни ги рацете од моето тело“ – алудирајќи на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), која го предложи законот.

На законот се спротистави и Сумеја, ќерката на Ердоган, која смета дека не е возможно да се одреди волјата на девојките на таа мала возраст, ниту пак како ќе се докаже дека не е применета сила или уцена.

Предложената промена ќе се однесува на случаите во периодот меѓу 2005 и 16 ноември 2016 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com