HomeДЕНЕШНАРепубликаПродолжуваат предизборните вработувања: Општина Битола зголемена со уште 19 лица

Продолжуваат предизборните вработувања: Општина Битола зголемена со уште 19 лица

Aдминистрацијата на Општина Битола e зголемена за 19 нововработени лица, обвинија од опозицискиот СДСМ, додавајќи дека вработувањата се реализирани со незаконски решенија. Од партијата тврдат дека одлуката за вработување на поминала на Советот на Општината.

Советникот од СДСМ, Благојче Котевски, вели дека со непочитувањето на оваа одлука се направи проблем во буџетот поради исплатата на плати за овие лица, кои досега биле ангажирани со договор на определено време.

– Општината Битола продолжува со своето незаконско работење. Овој оглас за 19 нови вработувања го крши законот по повеќе членови, но најексплицитно е што нема план за работа, кој требаше да го донесе Советот на Општина Битола. Така сите одлуки поврзани со овој оглас се незаконски, што значи дека и платите за нововработените ќе се исплаќаат незаконски – рече Котевски.

Според советниците од владејачкото мнозинство, вработувањата се правно издржани, како и платите што треба да ги земаат новите општински службеници.

– Она што е реализирано во огласот за вработување во Општина Битола секако дека е планирано. Сите надоместоци во однос на тие вработувања се планирани во буџетот за 2017 година – рече Николче Јанкуловски, советник на ПОДЕМ.

Власта убедува дека и покрај вработувањата, буџетот на Општина Битола има развојна компонента.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com