Monday, Jul 24, 2017
HomeДЕНЕШНАПродолжуваат напливите на пороен дожд и грмежи

Продолжуваат напливите на пороен дожд и грмежи

Денешниот ден нема да биде ништо поразличен од вчера. Времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, нестабилно попладне на одредени места и обилни врнежи проследени со грмотевици, особено во источниот дел од државата. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 16, а дневната од 19 до 25 степени Целзиусови.

Во главниот град времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде околу 15,а дневната ќе се искачи до 24-тиот степен.