Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаПродолжуваат контролните натпревари за македонските кошаркари

Продолжуваат контролните натпревари за македонските кошаркари

Европското првенство полека се приближува до својот старт, а нашите кошаркари неуморно се подготвуваат за големиот шампионат. На мегдан за свој противник повторно ја има репрезентацијата на Израел, со која веќе се соочија во петокот и остварија победа од 75:58.

Денеска овие две екипи ќе заираат во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 16 часот. Влезниците може да се набават во проджаните места на МК Тикетс по симболична цена од 100 денари, на билетарата во салата, но и на бензиснките пумпи на Окта, каде ќе може да се купат алки, со кои ќе бидете дел од кампањата „Шанса за живот“.

Секој што ќе донира и ќе ја покаже алката на влезот на салата, ќе има можност бесплатно да го проследи пријателскиот натпревар Македонија – Израел.