Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПродолжуваат „депресивните“ временски прилики

Продолжуваат „депресивните“ временски прилики

Временските прилики и денеска ќе продолжат со истите одлики на голема облачност со повремени врнежи од дожд, со тоа што попладне се очекува поголема нестабилност за невреме со грмежи и обилни дождови на западните краеви на републиката. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Дневната температурата ќе биде се движи од 16 до 27 степени.

Во Скопје не очекува слично време со тоа што во текот на денот ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Дневната температура ќе достигне 24 степени.