Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПродолжуваат акциите на „Љубезност“ за делење храна на бездомниците

Продолжуваат акциите на „Љубезност“ за делење храна на бездомниците

Здружението „Вистински дела на љубезност“ ја одржа Велигденската акција за донирање на храна на бездомните лица традиционална на нивната локација пред спомен куќата на Мајка Тереза каде всушност и речиси секоја сабота организираат вакви хуманитарни настани.

– Иако Скопје беше празно и за време на четирите неработни денови многу наши сограѓани замина надвор од градот, сепак голем број на граѓани донесоа топол оброк пред Спомен домот на Мајка Тереза. ВЕЗИЛКА донираше 100-тина оброци, донираа оброци и РУСТИКАНА, а FRESHES донираше овошје. На лице место ја поделивме храната на бездомниците, но и низ градот, соопштија од здружението.

Од „Вистински дела на љубезност“ апелираа граѓаните своите вишоци на храна кои ќе им останат за време на Велигденските празници да не ги фрлаат и наместо тоа да ги спакуваат и донираат за бездомните лица што помина делумно успешно. Акциите секако ќе продолжат па без оглед дали е празник или не секој граѓанин ќе може да донира храна.