Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПродолжува судењето за убиството на четиригодишниот Алмир

Продолжува судењето за убиството на четиригодишниот Алмир

Во Основниот Суд Куманово денеска продолжува рочиштето против обвинетиот Бобан Илиќ, кого Обвинителството го товари дека на 25 јуни минатата година го убил четиригодишниот Алмир Алиу, по претходна вербална расправија со таткото на момчето во кумановскиот Здравствен дом. Осомничениот се товари дека го прегазил четиригодишниот Алмир на улицата „Борис Кидрич“. За овој настан против три други лица, таткото на детето Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу е поднесено обвинение за сторено кривично дело „насилство“.

Според информациите на адвокатите на инволвираните во случајот, Асмир Алиспаиќ и Стеван Павлески, денеска продолжува сослушувањето на двајца од тројцата обвинети за насилство, Сами Демири и Абдула Алиу. На претходното рочиште беше сослушан Седат Алиу, таткото на Алмир и обвинет за насилство.