Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПродолжува собраниската расправа за разрешување на Зврлески

Продолжува собраниската расправа за разрешување на Зврлески

Во Собранието денеска ќе продолжат петтата, шестата и осмата седница. Продолжението на петтата седница е закажано за 11 часот, со единствена точка на дневен ред – извештајот за работата на Агенцијата за администрација за 2016 година.

По нејзиното завршување, треба да продолжи осмата седница на која има 13 точки на дневен ред, меѓу кои се изборот на заменици на генералниот секретар на Собранието, изменувањето и дополнувањето на Кривичниот законик, како и повеќе годишни и финансиски извештаи на неколку институции.

По завршувањето на осмата седница, ќе продолжи шестата седница, односно расправата за разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлески, прекината пред десетина дена. Барањето за разрешување на Зврлевски е предлог на Владата, од каде велат дека Зврлевски постапувал непрофесионално, ненавремено и незаконски.

Опозицијата не го поддржува овој предлог на Владата и тие тврдат дека Зврлевски добро ја врши својата работа.

Продолжувањето на седницата за разрешување на Зврлевски вчера го најави претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој рече дека седници можно е да има и за време на викендот.