Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПродолжува штрајкот на машиновозачите – возат пензионери

Продолжува штрајкот на машиновозачите – возат пензионери

Машиновозачите штрајкуваат веќе деветти ден по ред, а сообраќаат само возовите за мигранти и товарниот железнички сообраќај. Тие најавија дека ќе штрајкуваат се додека во целост не им бидат исплатени заостанатите плати. Раководството на железничкиот сообраќај најде заменски машиновозачи, односно пензионери, што предизвика уште поголем револт кај актуелните управувачи на македонските возови.

Од управата уверуваа дека нивниот проблем ќе биде решен, а претходните денови имаше информации во јавноста дека штрајкот на машиновозачите завршил и дека возовите повторно се вратиле на пругите откако бил постигнат договор меѓу синдикалците и раководството. Сепак преговорите не резултирале со исполнување на нивните барања.