Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПродолжува седницата за разрешувањето на Зврлевски

Продолжува седницата за разрешувањето на Зврлевски

Собранието денеска ќе ја продолжи шестата седница на чиј дневен ред, меѓу другото, e и разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Почетокот на седницата е најавен за 11.00 часот.

Собранискиот спикер, Талат Џафери во четвртокот, по серија паузи ја прекина седницата на барање на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои побараа да ги разгледаат стенограмите од обраќањето на омбудсманот Иџет Мемети.

Пратениците во четвртокот расправаа и за Предлог одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител, а од опозициската ВМРО-ДПМНЕ претходно соопштија дека формирале 10 пратенички групи.