Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПродолжува период на стабилно, суво и сончево време

Продолжува период на стабилно, суво и сончево време

Утре во Македонија се очекува да биде сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Можна е појава на слаба магла во речните долини во утринските часови. Утринската температура ќе се движи од -6 до 3, а дневната од 16 до 22 степена.

Во Скопје сончево со слаб променлив ветер, а наутро со услови за појава на слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до -2, а дневната ќе се искачи до 18 степени Целзиусови.