Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПродолжува конститутивната седница, пратениците спремни за нови дуели

Продолжува конститутивната седница, пратениците спремни за нови дуели

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи конститутивната седница за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија.

Пратениците од ВМРО­-ДПМНЕ вчера во своите реплики и контра-реплики повторно бараа да се почитува волјата на мнозинството при изборот на претседател на Комисијата и на Собранието кои, како што посочија, секогаш доаѓаат од победничката пратеничка група.

Од СДСМ посочија дека партијата на Никола Груевски намерно го кочи изборот на избирање на нов претседател на Собранието и продолжување на демократските процеси во државата.

Груевски  во ек на политичката криза замина на Малта и заедно со партиска делегација ќе учествува на конгрес на Европската народна партија. Од ВМРО-ДПМНЕ не соопштуваат – кога Груевски се враќа во земјава.