Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПродолжува инаетот – Специјалната обвинителка со пола тим

Продолжува инаетот – Специјалната обвинителка со пола тим

Катица Јанева останува со половина тим од предложените 14 помошници, бидејќи без оглед на политичкиот договор кој беспотребно беше прекршен сега повторно не се исполнуваат обврските од страна на Советот на јавни обвинители од каде велат дека не одлучуваат по партиски налози. Одлуката да не се стави на дневен ред гласањето за помошниците на Катица Јанева покажува дека Советот на јавни обвинители нема никакво чуство за моменталната политичка состојба во државата и зошто прават кочење на целиот преговарачки е тешко да се објасни.

katica-janeva3

Петар Аневски изјави дека не работат според политички договори и покрај писмото кое беше испратено до нив од министерот за правда потпишано од четирите политички партии и меѓународниот притисок да се избере целиот тим на Јанева. Според Аневски не добиле никаков нов предлог од Јанева, имињата биле истите од претходно кои биле одбиени, а специјалната обвинителка не укажала и дали ќе има зголемен обем на работа освен проценетите 28 предмети.