Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПродолжи конститутивната седница – 50 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се пријавија за расправа

Продолжи конститутивната седница – 50 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се пријавија за расправа

Со половина час доцнење претседателот на Собранието од претходниот состав, Трајко Вељаноски по тримесечна пауза го отвори продолжението на конститутивната седница.

Седницата почна на 30 декември, минатата година, а беше прекината бидејќи немаше договорено парламентарно мнозинство и пратениците не можеа да изберат претседател на законодавниот дом.

На денешното продолжени на конститутивната седница, единствени две точки на дневен ред се изборот на членови на Комисијата за избори и именувања и избор на претседател на Собранието.

Новинарите седницата ја следат од прес-центарот во Собранието, затоа што во галеријата се присутни претставници на дипломатскиот кор.

И на овој настан се гледа како на шанса за продолжување на процесот за формирање влада по изборите на 11 декември минатата година, но таа шанса е неизвесна како поради големите разлики помеѓу двете најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски побара од секој кандидат за претседател на Собранието да ја отфрли албанската платформа.

Според него, претседателот на Комисијата за избори и именувања и претседателот на Собранието секогаш доаѓаат од победничката пратеничка група, а таа на овие последни избори беше ВМРО-ДПМНЕ.

– Сметаме дека кандадатот за претстедател на претседател на комисијата и на Собранието треба да биде од редовите на оваа партија. Претседателот на Собранието треба да го претставува победникот, а Владата може да биде формирана од други партии – рече Милошоски.

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски во реплика на говорот на Милошоски изјави дека е зачудувачки начинот на кој некои од пратениците се со намера да ја одолговлекуваат конститутивната седница.

Тој исто така обвини дека спикерот Трајко Вељаноски со четири-пет пратеници се договорил како денеска да функционира Собрание од 120 пратеници.

Голем дел од пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се пријавени за збор во моментов, најверојатно ова е концептот и тактиката за одолговлекување на седницата за која зборува Спасовски со цел да не се избере нов Претседател на Собранието на РМ.