Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПродолжение на собраниската сага за разрешувањето на Зврлевски

Продолжение на собраниската сага за разрешувањето на Зврлевски

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи шестата седница со расправа по Предлогот за разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлески.

Предлогот Зврлевски да биде разрешен од функцијата јавен обвинител е поднесен од Владата на РМ поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Исто така, во документот се наведува и дека Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата, како и поради тоа што не поднел барање за покренување кривична постапка за случаи предвидени со закон и нарушување на угледот на функцијата.

Барањето за разрешување, Владата го достави и до Советот на јавни обвинители којшто на седница го прифати таквиот предлог.