Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометПродолжена соработка – Кастратовиќ ќе се дружи со Вардарки уште две години

Продолжена соработка – Кастратовиќ ќе се дружи со Вардарки уште две години

Кормилото на црвено-црните и понатаму останува под раководство на Индира Кастратовиќ. Поранешната репрезентативка на Македонија го продолжи својот договор за уште две нови сезони.

За клубскиот веб портал, Кастратовиќ изрази задоволство што клубот ѝ пружи повторна доверба за да ги води Вардарки кон нови победи и уште поголеми успеси, како на домашно така и на меѓународно ниво.

„Работата и само работа ќе биде мотото во иднина, со верба дека она што го работиме напорно на тренинзите ќе биде валоризирано и со резултат на кој сите ќе се радуваме. Вардар останува моето најблиско семејство, кое секогаш ми давало поддршка, и таквата синергија се покажа како клучна во многу моменти, кога многумина сметаа дека тешко ќе го постигнеме зацртаното“, зборува Индира.

Кастратовиќ го предводи ЖРК Вардар веќе три години, откако клубот пред исто толку време го зема рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко.