Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПродолжен рокот за пријавување штети од поплавите

Продолжен рокот за пријавување штети од поплавите

Владата го продолжи рокот за пријавување штети од страна на жителите од поплавените подрачја, па наместо до вчера, граѓаните ќе може да пријавуваат до среда, 7 септември.

„Информираме дека краен рок за пријавување на настанатите штети (на недвижниот имот, движниот имот, моторните возила, земјоделските површини и сточниот фонд) од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, за оштетените од населените места Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Економија, Ченто, Брњарци, Страчинци, Виниче, Црешево, Булачани, Раштански пат, Смилковци, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Шипковица, е среда (7 септември) заклучно со крајот на работното време во 16:30 часот“, се наведува во соопштението испратено од Владата.

Штетите може да се пријават во општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Тетово, или пак во подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во Гази Баба и Тетово.

Неофицијално, бројката на семејства кои претрпеа штети од поплавите е околу 4.000.