Friday, Mar 29, 2024
HomeАНТИСТРЕСХуманостProdigy ќе донира за поплавените во Македонија

Prodigy ќе донира за поплавените во Македонија

Светски познатата група The Prodigy, која на 14 август ќе настапи во Охрид, на својата Фејсбук страница напиша дека ќе донира на Црвениот крст за настраданите од поплавите, кои во саботата го зафатија Скопје и околината. Членовите на англиската електронска група упатија сочувство до семејствата на жртвите.
prodigy donira
„Срдечна почит за Македонците кои го изгубија својот живот и беа погодени од поплавите. Ние ќе донираме во знак на солидарност на Црвениот крст на Македонија. Сочувство за сите жртви, нивните семејства и за сите македонски борци“, напиша групата на социјалната мрежа.