Продадени упатства за слетување на месечината
Документите на американските астронаути со детални упатства за слетување на моделот „Аполо 11“ на месечината во 1969 година се продадени на аукција во Далас, во државата тексас за 175.000 долари. Американски колекционер, кој барал да остане анонимен, ги купил овие инструкции за слетување напишани на три страни, соопшти денес аукциската куќа „Херитиџ“.
Документите се наоѓале во приватната сопственост на пилотот од вселенската мисија „Аполо 11“ Баз Олдрин „Документите се неверојатни артефакти на првото слетување на Месечината во историјата кои го водеа човекот чекори далеку од земјата“ изјави Рејчел Рајли од американската аукциска куќа.