HomeДЕНЕШНАРепубликаПроцесот „Дива населба“ повторно затворен за јавноста

Процесот „Дива населба“ повторно затворен за јавноста

divo-naselje-sudenje

Судењето повторно е затворено за јавност затоа што ќе бидат изведувани докази прибавени со посебни истражни мерки. Претходно, јавноста беше исклучена поради сведочењето на заштитени сведоци.Судењето за случувањата во кумановската Дива населба, во кое 37 лица се осомничени за тероризам и терористичка организација, денеска продолжува во Врховниот суд зад затворени врати. Судењето повторно е затворено за јавност затоа што ќе бидат изведувани транскрипти и извештаи од посебните истражни мерки на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Претходно, јавноста беше исклучена поради сведочењето на заштитени сведоци.На последното рочиште минатата недела продолжи читањето на доказите предложени од страна на Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Ова беше последно јавно рочиште за изведување на доказите на Обвинителството, кои се напишани на 4.000 страници.

Судењето за пукањето во кумановската Дива населба почна од почеток во јуни откако судот ги спои предметите „Дива населба“ и „Молња“, во кои вкупно 37 лица се осомничени за тероризам и терористичка организација.Првпат судењето почна во февруари, а оттогаш беа сослушани десетина сведоци, меѓу кои и роднини и жители на Дива населба. Заедничко во нивните искази беше дека утрото на 9 мај ги разбудило пукање, а дека пред тоа не забележале дека се случува нешто сомнително во нивното маало.

Извор: telegraf.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com