Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПрободени навивачи на „Црвена Ѕвезда“ во Скопје!

Прободени навивачи на „Црвена Ѕвезда“ во Скопје!

 Навивачи на белградскиот кошаркарски клуб Црвена звезда, биле прободени во центарот на Скопје, по завршувањето на мечот меѓу МЗТ и српскиот клуб во рамките на АБА-лигата, јави српски „Телеграф”, а како потврда има и фотографии од нападнатите фанови.

 326479-foto-navivachi-na-crvena-zvezda-izbodeni-vo-centarot-na-skopje

Еден завршил во болница на операција, откако бил прободен во градниот кош, а друг има исекотина под окото.

Седнавме во ресторан и во рок од две минути се појавија 15-20 луѓе со ножеви и со палки и без никаква провокација од наша страна почнаа да не удираат крвнички, ја пренесува српски „Телеграф” изјавата на навивачот Стефан Јовановиќ.

Овој портал истакнува дека се работело за група Албанци, која ги нападнала навивачите на Црвена звезда.