Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеПроблемите во ОУ 11 октомври решени, новиот директор стапи на функција

Проблемите во ОУ 11 октомври решени, новиот директор стапи на функција

Во основното училиште 11 октомври конечно е надминат раководниот хаос кој настана по доделувањето на отказно решение за директорката Драгана Костадиновска и нејзина замена со Влатко Лазаревски. Сепак, одлуката на општина Центар не беше прифатена од Костадиновска кој од Централниот регистар побарала потврда дека е овластен и легален потписник на сите жиро сметки која и ја доби привремно. Сепак, денес Централниот регистар одлучил во полза на новиот директор Лазаревски кој ќе може да ја превземе функцијата и да се надмине проблемот со два директора од кои ниту еден не може да носи одлуки.

11 oktomvri direktor

Лазаревски соопшти дека е прекинат и штрајкот на наставнциите и вработените бидејќи блокадата на решението доведе и до задоцнување на исплатата на нивните плати која сега ќе биде реализирана. Проблемот со основното училиште настана по труењето на трисетина деца, револтот на родителите од недобивањето на одговори за причините за инцидентот и нетрпението меѓу локалната власт и Министерството за обрзование.