Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиПроблемите со превозот надминати, одбојкарите пристигнаа во Полска

Проблемите со превозот надминати, одбојкарите пристигнаа во Полска

Македонските одбојкари го поминаа патот долг 28 часа и конечно пристигнаа во Валбших каде што ќе настапат на Ф4 турнирот од Европската лига.

Автобусот тргнал вчера попладне од Скопје, кога неочекувано се соочиле со технички проблеми во близина на Ниш и морале да почекаат неколку часа за да се санира незгодата.

Репрезентативците првиот тренинг ќе го одработат вечерва во 19 часот во салата Видовисково – спортово, а со репрезентацијата на Естонија ќе се соочат утревечер од 20 часот.