Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПроблематични институции, судство, медиуми – препорака само со реформи

Проблематични институции, судство, медиуми – препорака само со реформи

Европската комисија го достави извештајот за напредокот на Република Македонија во изминатата година и останува позитивната препорака за започнување на преговори за членство, но само поради прифаќањето на политичките реформи од Пржино во цајтнот. Генерално во сите области кои се предмет на реформи има позитивна оценка бидејќи македонското законодавство се доближува до стандардите на ЕУ но, проблемот е што нема реален напредок во нивно спроведување.

izvestaj ek 2015

Позитивната препорака е условена со целосно имплементирање на договорот од Пржино и одржување на фер и демократски избори со тоа што и самите институции ќе треба да ги зголемат демократскиот капацитет и да се намали партиското влијание во клучните области како администрацијата, судството и медиумите. Напролет ќе биде изготвен и посебен извештај кој ќе зависи од сите наведени услови и напредокот на земјата и политичкиот систем.