Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСе тумбал со украден ваљак, истиот ден на патот Куманово – с.Пчиња уште една сообраќајка

Се тумбал со украден ваљак, истиот ден на патот Куманово – с.Пчиња уште една сообраќајка

Кочанчанец на шеесет и две години, вчера околу 12 часот украл ваљак „хаман“ од градежната фирма „Жикол“. Но, настанеле комликации и околу 13 часот на локалниот пат село Лешки – Кочани, кочанчанецот изгубил контрола врз градежната машина и излетал од патот. Возрасниот маж се здобил со скршеница на карлицата и на неколку ребра, па завршил на лекување во болницата во Штип.

Истиот ден пак, околу 10.15 часот на локалниот пат Куманово – село Пчиња се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „пежо експрес“ со кумановски регистарски ознаки и мопед „апн 6“ со кумановски регистарски ознаки. Возачот на мопедот се здобл со повреди, а потоа истиот бил пренесен на скопските клиники.