Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимПробајте лимонада од лубеница

Пробајте лимонада од лубеница

 

Во овие екстремно високи температури повеќе од потребно е големо количество на течности. Ви предлагаме еден напиток со кој ќе се освежите и топлината ќе стане поднослива. За лимонадата од лубеница потребни се:

4 чаши коцки од лубеница без семки

3  ½ шољи вода

2 лажици мед

½ шоља свеж цеден сок од лимон

Неколку парчиња лимон

Листови од нане

Food Network KitchenInfused Water WatermelonHealthy RecipesFood Netowrk

Во мала шерпа додајте ½ чаша вода и 2 лажици мед и оставете да проврие. Мешајте се додека не се раствори медот

Лубеницата ставете ја во блендер и матете додека не добиете лесна смеса. Цедете ја лубеницата се додека не добиете чист сок.

Сирупот кој претходно го направивте  помешајте го 3 шољи со вода и сок од лимон. Наполнете ја чашатасо мраз, додајте го сокот од лубеница и дополнете ја чашата со лимонада

Благо промешајте пред сервирање. Украсете со парчиња лимон и листови од нане