Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПриврзаниците и противниците на Ердоган се судрија во Брисел

Приврзаниците и противниците на Ердоган се судрија во Брисел

Неколку лица се повредени синоќа при судири меѓу приврзаници и противници на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган пред зградата ма Конзулатот на Турција во центарот на Брисел, јави ТАСС. Белгиската полиција го потврди инцидентот, но соопшти дека засега не може да даде детали за бројот на повредените лица, ниту за нивната здравствена состојба.

Нема информации ни за причините за судирите, како ни тоа дали при инцидентот има приведени лица. Во врска со инцидентот се огласи и белгискиот премиер Шарл Мишел, кој ги осуди судирите.