Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПриврзаници на ВМРО-ДПМНЕ со нов обид да го притиснат судот да ги отфрлат барањата за притвор

Приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ со нов обид да го притиснат судот да ги отфрлат барањата за притвор

Поддржувачи и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и денеска повторно вршат притисок врз судот организирајќи протест пред Кривичниот суд во Скопје поради новите обвиненија од Специјалното јавно обвинителство. Кривичниот суд денеска одлучува по барањата од СЈО за притвор на за поранешниот премиер Никола Груевски, како и високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

СЈО вчера до поднесе 17 обвиненија за 18 предмети против 94 лица, а меѓу осомничените се и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како и други министри од претходната владина гарнитура и партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Симпатизерите, поддржувачите и членовите на партијата и синоќа протестираа пред судот, обидувајќи се на тој начин да го натераат судот да ги отфрли барањата за притвор.

Партизацијата на судството и неговата подреденост кон политичките партии беше во изминатите години нотиран во сите извештаи на ЕУ, и тоа во период додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. Од оформирањето на СЈО па досега судот ја опструира работата на СЈО, а судиите досега пресудуваа во полза на поранешната владејачка партија. Протестите на Шарената револуција против корумпираноста и политизацијата на судството, Груевски тогаш го нарече флагрантно кршење правниот систем и обид да се влијае врз „независниот судски систем“.