HomeДЕНЕШНАРегионПривремено повлечен законот за силување на малолетнички во Турција

Привремено повлечен законот за силување на малолетнички во Турција

turcija-protesti

Турската влада предводена од премиерот Јилдерим го повлече новиот предлог закон за легализирање на сексот со малолетнички ако е направен во брак и без присилба, физичка закана или уцена, со тоа што посочи дека ќе работи на промени во одребите кои добија најголеми критики и се соочија со масовно јавно незадоволство.

Во Турција протестите  кои беа против ваквиот закон достигнаа и насилни елементи бидејќи сметаа дека може да дојде до масовни силувања на девојчиња и истиот да се злоупотреби.

Идејата на законот беше да се легализираат голем број на заедници во кои жената е малолетна бидејќи секој секс со лице под 18 години може кривично да се води како силување.

Најголемите противници на предложениот закон сметаа дека тешко ќе биде да се утврди согласноста кај девојчињата бидејќи на таа возраст тие се уште не се доволно свесни и развиени како личности за сами да носат одлуки, па се плашеа дека силувањата ќе се зголемат. На законот му се спротистави и ќерката на Реџеп Таип Ердоган.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com