Thursday, May 28, 2020
HomeДЕНЕШНАПолитикаПриведувањето на снимателот од ТВ 21 е срамен чин за македонската полиција, вели Селмани

Приведувањето на снимателот од ТВ 21 е срамен чин за македонската полиција, вели Селмани

naser selmani

„Приведувањето на снимателот на ТВ 21 и на еден фоторепортер од Косово е срамен чин на македонската полиција“, реагираше претседателот на ЗНМ, Насер Селмани на вчерашната информација дека снимател од ТВ 21 бил приведен во полициска станица под изговор дека на судењето ги снимале судиите од предметот „Дива Населба“.

Снимаелот Ибрахим Мамути од ТВ 21 вчера беше задржан во полициска станица 6,5 часа, поради тоа што полицијата се сомневала дека ја снимил судијката за случајот кој вчера доби конечна пресуда.