Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПриведени двајца албански државјани кај Табановце

Приведени двајца албански државјани кај Табановце

Двајца државјани од Албанија биле приведени од полицијата кога се обиделе да влезат во земјава со лажни патни исправи. Според МВР, завчера напладне на граничниот премин Табановце, со автомобил „ситроен“ со албански регистарски таблички, допатувале Ш.О.(24) и Д.Џ.(46) и двајцата од Албанија. Тие се пријавиле за влез во земјава со албански патни исправи.

По извршената пасошка контрола, било утврдено дека двата пасоши биле фалсификувани. Кај едниот било утврдено дека била отстранета оригинална хартија на страницата број 8 и била заменета со несоодветна, и во другиот пасош била отстранета оригиналната страна на страницата број 20 и исто така била заменета со друга несоодветна хартија. По ова, полицијата ги привела двајцата странски државјани во СВР Куманово.