HomeДЕНЕШНАРепубликаПриведени двајца скопјани, нападнале полицајци додека вршеле увид на сообраќајка

Приведени двајца скопјани, нападнале полицајци додека вршеле увид на сообраќајка

Во Скопје на бул. „Македонско Косовска Бригада“, вчера околу 16.30 часот полициски службеници од ПС Бит Пазар, при обезбедување на сообраќајна незгода биле нападнати од страна на две непознати лица.

МВР денеска соопшти дека еден полициски службеник бил удрен со тупаница во пределот на стомакот и му ја искинале јакната за дожд, додека другиот полициски службеник бил удрен со тупаница во пределот на грбот.

По преземени мерки постојат основи на сомнение дека напаѓачите се Ш.Р. (30) и А.К. (19), двајцата од Скопје. Тие биле приведени во полициска станица.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com