Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПриведени 16 танчерки во „Ориентал АС“ во тетовско

Приведени 16 танчерки во „Ориентал АС“ во тетовско

Танчерки ко нелегално работеле во тетовско уапсени синоќа. Шеснаесет странски државјанки биле откриени при акциската контрола на угостителскиот објект „Ориентал АС“ во тетовското село Жеровјане, информираа од полицијата.

Контролата била спроведена изминатата ноќ во периодот од 23 часот до 2 часот по полноќ, а девојките, седум од Бугарија и девет од Србија, биле вработени како танчерки. Тие заедно со корисникот на „Ориентал АС“ А.А.(25) од Боговиње биле приведени во тетовската полиција за натамошна постапка.

Според полициските податоци во досегашниот тек од годинава на подарчјето на СВР Тетово имало 14 вакви акциски контроли, осум во гостиварско и шест во тетовско, при што биле откриени 77 странски државјанки од кои 35 од Србија, 25 од Албанија, девет од Бугарија, четири од Косово и останатите од Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Во текот на 2014 година во вкупно 23 контроли биле откриени, приведени и законски санкционирани вкупно 85 странски државјанки.