HomeДЕНЕШНАРегионПриведена дописничка на Би-Би-Си во Турција

Приведена дописничка на Би-Би-Си во Турција

timthumb

Турската полиција денеска во југоисточниот округ Сирт ја уапси новинарката Хатиџе Камер, која е вработна во дописништвото на Би-Би-Си во Турција. Како што јави ДПА, Камер била уапсена додека известувала за спасувачка акција во рудник, каде по несреќа останале заглавени неколку рудари.

Апсењето на Камер го потврди и Би-Би-Си, додавајќи дека засега не им се познати причините за лишувањето од слобода на нивната новинарка, која воедно е и претседател на локалниот огранок на новинарското здружение.

По обидот за воен преврат, турските власти затворија околу 170 медиуми и уапсија над 120 новинари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com