Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПриведен жител на Драчево кој имал нива со марихуана

Приведен жител на Драчево кој имал нива со марихуана

Одделот на МВР за недозволена трговија и шверц го приведе 25 годишниот Д.Г кој во месноста „Песовци“ во општина Драчево одгледувал нива со марихуана со посадување на семе „Канабис сатива“, а пронајдени се 135 стебла. Против осомничениот од страна на судија на претходна постапка му е изречена мерка притвор од 30 дена и е покрената кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори.