HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПриведен разбојник кој ограбил супермаркет во Скопје

Приведен разбојник кој ограбил супермаркет во Скопје

СВР-Скопје, Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција -Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција-Карпош и Ѓорче Петров поднесе кривична пријава против Ѓ.Ф. (38) од Скопје поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело „разбојничка кражба“ предвидено и казниво по чл.238 од КЗ на РМ, за што од страна на судија на претходна постапка одредена му била мерка притвор во траење од 30 дена .

Имено пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист на 10.10.2016 година околу 16,50 часот, влегол во маркетот Наја Цен-ДООЕЛ лоциран на ул.„Исаја Мажовски“, додека вработената била оддалечена од касата, одзел околу 25.000 денари, по што се упатил кон излезот. Истиот бил забележан од страна на вработената која тргнала кон него и вербално му се обратила да го врати тоа што го одзел, меѓутоа Ѓ.Ф. се свртил кон вработената и со цел да ја попречи и ги задржи одземените пари од касата, со лименка од пиво која ја држел во раката, замавнал кон неа, а потоа со трчање го напуштил местото на настанот.

Извор: Локално.мк

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com