Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПриведен осомничен за убиството во Струга

Приведен осомничен за убиството во Струга

Приведено е едно лице поради постоење основано сомнение за можна поврзаност со денешното убиство во Струга, информира попладнево портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Оттаму не откриваат повеќе детали, истрагата е во тек.

Околу 13.15 часот на улицата „Маркс и Енгелс“ во Струга од возило во движење, марка „голф“, било пукано врз жител на Струга, роден 1973 година. Повредениот бил префрлен во Струшката болница каде им подлегнал на повредите. Медиумите објавија дека застреланиот Аргетим Асани е заменик директор на УЈП, член на Управниот одбор на ФФМ и член на ДУИ. Партијата во меѓувреме демантираше дека тој е нивни член.