Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПриведен граѓанин кој се обидел да го испрска Груевски со солзавец на митингот во Центар

Приведен граѓанин кој се обидел да го испрска Груевски со солзавец на митингот во Центар

Скопската полиција синоќа привела граѓанин кој испрскал спреј-солзавец кон бината на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, за време на говорот на лидерот на партијата, Никола Груевски.

МВР го потврди инцидентот и оттаму велат дека околу 21.55 часот е приведен 36-годишен маж со иницијали Р.Р.

Дваесетина минути подоцна, во полициската станица Центар дошол 29-годишниот Д.Г., кој пријавил дека додека присуствувал на митингот бил испраскан со спреј од лицето Р.Р.