Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПритворен поранешниот албански министер, Спиро Ксера – ќарил над 30 милиони лири

Притворен поранешниот албански министер, Спиро Ксера – ќарил над 30 милиони лири

Поранешниот албански министер за труд и социјална политика, Спиро Ксера е притворен поради сомневање за големи злоупотреби на својата позиција и присвојување на фондови наменети за лица со посебни потреби и проекти за ромската популација. Ксера (48) е жител на Ѓирокастро, а по барање на јавното обвинителство е притворен под силни мерки на полицијата и се товари дека од фондовите за проекти за лицата со посебни потреби и Ромите во Албанија присвоил над 30 милиони албански леки.

Во акцијата се притворени уште три лица. Јавното обвинителство во Тирана има поднесено кривични пријави и за неколку други високи поранешни, но и актуелни личности во Албанија под сомневање дека се корумпирани и дека присвојувале големи финансиски средства.
Медиумите во Албанија наведуваат дека обвинителот Адријатик Лала оваа пролет со поддршка на меѓународните институции ќе пресече со корумпираните во земјата, каде корупција има широки размери.