Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПритворен Грк – со фалсификувани пари точел гориво во Гевгелија

Притворен Грк – со фалсификувани пари точел гориво во Гевгелија

Грк фатен со нелегално возило и со фалсификувани пари. Тој со фалсификувани евра точел гориво во Гевгелија. При извршена проверка на возилото на граничен премин „Богородица“ било утврдено дека вин бројот на возилото „Цитроен Саксо“ е фалсификуван, а кај него биле пронајдени и фалсификувани евра.

Како што информираат од МВР, грчкиот државјанин ноќта меѓу понеделникот и вторникот во 02.00 часот на пристигнал на граничниот премин „Богородица“. Шесте банкноти од по 50 евра биле со ист сериски број, а предходно со фалсификувани евра (банкнота од 50 евра) платил за точено гориво на бензиска пумпа во близина на граничниот премин.

Како што информираат од МВР, В.К. е приведен во полициската станица Гевгелија извршен е разговор и против него поднесена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „фалсификување пари“. Од страна на судија на предходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.