Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДрама во Чаир: Со палки, ножеви и чекани им заѕвониле на врата

Драма во Чаир: Со палки, ножеви и чекани им заѕвониле на врата

СВР Скопје поднесе кривична пријава против лицата И.Р. (19) и Р.Р. (53), двајцата од Скопје, поради основано сомнение дека извршиле кривично дело „насилство“. Од страна на Судија на претходна постапкана двајцата им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.

Како што соопшти МВР, на 15 јуни, околу 21:30 часот на ул. „Аврам Писевски“, во скопски Чаир поточно на влезната врата од домот на оштетените, пријавениот И.Р. заѕвонил на ѕвончето и откако вратата ја отворила сопругата (односно мајка) на оштетениот, И.Р. го побарал нејзиниот син. Истиот, се појавил на влезната врата заедно со татко му, при што го виделе првопријавениот кој во рацете имал дрвена палка и нож и второпријавениот кој во раката имал чекан. Откако И.Р. им се обратил со зборовите – „вие ли женско ќе тепате“, тој заедно со Р.Р. физички ги нападнале оштетените.

И.Р. со нож му нанел неколку рани на оштетениот (татко) во пределот на градниот кош и абдоменот по што овој бил повлечен кон внатре од страна на неговиот син. А, откако оштетените ја заклучиле вратата, од страна на И.Р. и Р.Р. биле искршени и парчиња стакло од влезната врата. Сторителите непосредно по извршување на кривичното дело, од страна на полициски службеници од полициската станица Бит Пазар, биле затекнати на местото на настанот и лишени од слобода.

Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, беа извршени проверки во Ургентен Центар при Клинички Центар „Мајка Тереза“ Скопје – во врска со видот и карактерот на повредите, при што усно им било појаснето дека оштетениот (татко) се има здобиено со тешки телесни повреди- три убодни рани во пределот на градниот кош од левата страна, три убодни рани во пределот на абдоменот од левата страна, и дека се наоѓа во животно загрозувачка здравствена состојба, така што е задржан на КАРИЛ, додека кај другиот оштетен (син) се констатирани телесни повреди во вид на гребаници и расекотини во пределот на глуждот од левата нога.

Во врска со пријавениот настан, известен е дежурен Јавен обвинител, кој не излезе на лице место, а увидот го препушти на увидна екипа од ЕУМНА при СВР Скопје.